logo
logo
logo

БУГАРСКИ ФАКУЛТЕТ ВО МАКЕДОНИЈА: Универзитетот од Велико Трново отвара филијала во земјава

Vecer | 14.05.2021

БУГАРСКИ ФАКУЛТЕТ ВО МАКЕДОНИЈА: Универзитетот од Велико Трново отвара филијала во земјава

Бугарскиот универзитет од Велико Трново „Св. Кирил и Методиј“ ќе отвори своја филијала во Македонија, јави бугарското Национално радио.

Преговорите меѓу Универзитетот во Велико Трново и Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин" во Свети Николе, како што јавува МИА од Софија се воделе три години.

Според ректорот на Универзитетот во Велико Трново, проф. Христо Бонџолов, веста во телефонски разговор пред неколку дена ја соопштил премиерот Зоран Заев.

„Разговарав телефонски со премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев и тој ме увери дека следната недела, на седница на Владата на Република Северна Македонија, ќе биде донесена одлуката да се отвори филијала на Универзитетот Велико Трново ‘Свети Кирил и Методиј‘ на територијата на Република Северна Македонија. Ќе се обидеме заедно – Бугарија и Република Северна Македонија, да ги изградиме уништените мостови“, објави во видео обраќање, проф. Бонџолов.

Од следната академска година, по програмата на Универзитетото во Македонија, ќе студираат повеќе од 100 магистри и околу 50 докторанти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk