logo
logo
logo

Бугарски државјанин по грешка вклучен на листата на повредени лица од несреќата на автобусот на „Беса транс“

Vecer | 26.11.2021

Бугарски државјанин по грешка вклучен на листата на повредени лица од несреќата на автобусот на „Беса транс“

Бугарскиот државјанин Сади Салех по грешка бил вклучен на листата на повредени патници од несреќата на автобусот на „Беса транс“, што се случи на автопатот „Струма“ во Бугарија во вторникот во раните утрински часови, објави најтиражниот бугарски весник „24 Часа“.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Салех се обратил до редакцијата на „24 Часа“, објаснувајќи дека нема никаква врска со несреќата на автопатот „Струма“. Салех изјавил дека е државјанин на Бугарија и дека во саботата бил примен на Одделот за трауматологија на Ургентната болница „Пирогов“ во Софија, поради скршеница на раката.

Бидејќи неговото име се најде на листата на повредените патници од несреќата на автобусот на „Беса транс“, излегува дека од клиниката по грешка го внеле на тој список, наведува „24 Часа“, додавајќи дека Салех веќе е отпуштен од болницата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk