АПСЕЊА

Бугарската полиција ги приведува Омовци

Нема населено место во Пиринско во кое полицијата не ги повикува на разговор членовите на ОМО "Илинден" ПИРИН, тврди копретседателот на оваа македонска партија во Бугарија, Иван Сингартијски.
"Во селото Мусомиште три дена полициски возила вршеле обиколки од куќа до куќа и барале членови на ОМО "Илинден" ПИРИН. Полицајците шетале со список со имиња во рацете. Во градот Сандански пак луѓето биле викани во општината, а таму ги чекале полицајци и ги испитувале. Во Софија веќе четири дена ги повикуваат во полициски станици. Истото се случува и во Пловдив и во Перник", изјавил вчера Сингартијски за софиската новинска агенција "Фокус".
Тој тврди дека на приведуваните членови на организацијата им биле давани листови со девет прашања, и тоа за името, за единствениот матичен број, за адресата, за бројот на статичниот и на мобилниот телефон. Приведуваните уште биле испрашувани и за тоа дали лично пополнувале писмени молби за членство во ОМО "Илинден" ПИРИН

Поврзани

Најнови вести

Коментари