logo
logo
logo

МНР се уште молчи: Бугарската Амбасада во Скопје испратила протестна нота!

Vecer | 28.03.2021

МНР се уште молчи: Бугарската Амбасада во Скопје испратила протестна нота!

Бугарската Амбасада во Скопје испратила протестна нота до Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, поради, како што соопшти бугарското МНР, одлуката на царинските власти на граничниот премин „Деве Баир“ да не дозволат влез во земјава на 920 книги за Бугарскиот културно-информативен центар во земјава.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, книгите со наслов „Бугарски народни песни од Браќата Миладинови“ биле пренесувани од бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, кој, според бугарското МНР, покажал договор за донација, со којшто книгите требале да бидат доставени до културниот центар.

Како што се наведува во соопштението на бугарското МНР, и покрај присуството на конзул од амбасадата во Скопје на граничниот премин, царинските власти изјавиле дека е неопходна дозвола од МНР на Северна Македонија, во согласност и со Министерството за култура на С Македонија.

Со нотата Амбасадата на Бугарија во Скопје бара објаснувања зошто се бара дозвола за влез на литература од земја-членка на ЕУ, и тврдат дека такво нешто не е регулирано никаде и е апсурдно да се случува во 2021 година во држава која сака да се присоедини кон ЕУ. Оттаму, додава дописникот на МИА во Софија, навдуваат и дека за ова ќе бидат запознаени и Европската комисија и амбасадите на државите членки во Скопје.

Македонското Министерство за надворешни работи се уште не се огласи за упатената протестна нота од страна на бугарската Амбасада.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk