logo
logo
logo

Бугарија САКА ДА НАМЕТНЕ СВОЈ ПОГЛЕД НА ИСТОРИЈАТА, тврдат македонските историчари

Vecer | 11.06.2021

Бугарија САКА ДА НАМЕТНЕ СВОЈ ПОГЛЕД НА ИСТОРИЈАТА, тврдат македонските историчари

Македонскиот тим од историската комисија со Бугарија вели дека ова можеби биле најтешките разговори досега.

Тие истакнуваат дека бугарската страна сака да наметне нивен поглед за минатото и образовниот систем во друга држава.

Нема волја кај бугарската страна да се дојде до решение во кое историското образование не би било основа за политичка инструментализација. Бугарскиот тим гледа можност да го наметне во друга држава својот поглед на минатото и образовниот систем, брифираат од македонската страна во Комисијата за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија, по завршување на дводневниот состанок.

Комисијата можеби ги имаше најтешките разговори до сега, велат од македонскиот тим за МИА. Од таму велат дека на дискусијата за подобрување на учебниците по историја, бугарската страна не ги прифатила предлозите на македонскиот тим.

„За жал, очигледно е отсуството на волја кај членовите на Комисијата од Република Бугарија да се дојде до решение преку кое историското образование не би било основа за политичка инструментализација често затскривана позади фразата „историска вистина“. Исто така, очигледно е дека бугарската страна го гледа овој процес како можност да го наметнат својот поглед за минатото во друга држава и образовен систем“, брифираат од македонската страна од Комисијата.

Македонската страна, како што велат, дала предлози засновани на современите разбирања за историското образование подржани од Советот на Европа и УНЕСКО во кој се уважуваат различните погледи и толкувања за минатото и кој се покажале како применливи во надминување на спорови кои произлегуваат од различното толкување на минатото. Од бугарска страна тие предлози беа одбиени како неприфатливи и применливи.

Бугарскиот тим вели дека македонските колеги одбиле да разговараат за одредена историска тема. Според бугарскиот копретседавач тешко ќе има договор за Гоце Делчев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk