logo
logo
logo

БУГАРИЈА ГО ПОВЛЕЧЕ АМБАСАДОРОТ, замрзнати сите меѓународни проекти на двете држави

Vecer | 25.01.2023

БУГАРИЈА ГО ПОВЛЕЧЕ АМБАСАДОРОТ, замрзнати сите меѓународни проекти на двете држави

Бугарија ги запира сите меѓудржавни проекти со Македонија се додека не добие докази дека официјално Скопје ги почитува правата на тамошните Бугари. Истовремено, бугарскиот амбасадор во нашата земја Ангел Ангелов ќе биде вратен во Софија и ќе остане таму се додека, според проценката на бугарските власти, не се случи вистинска промена во нашата држава.

Доколку РСМ продолжи вака да се однесува, можно е повторно да ставиме вето. Цинизам е да се разговара за проекти со РСМ додека Пендиков е во болница. Ако Северна Македонија сака да продолжи по европскиот пат, мора да ги исполни своите обврски“, нагласи тој.

Министерот побара од македонските власти да се погрижат да има одговорност за нападот врз Пендиков, а тврди и дека тој добива закани и во болница.

„Не е можно шефот на дипломатијата на Северна Македонија да дојде во Софија, да разговара со Пендиков и да начне тема за напад на омраза, а вчера вечерта заменик министерот за локална самоуправа да се појави на некоја програма и да каже дека Христијан бил нападнат затоа што дошло до судир со наркодилери и тоа била целата криминална активност“, рече амбасадорот Ангелов.

Тој нагласи дека се недозволиви обвинувањата за некаква криминална активност, која властите во Скопје сакаат да ги припишат на жртвата.

„Тврдењата дека на Пендиков му се судело за продажба на дрога се недозволиви. Излегол од државата со пасош, поминувајќи ја граничната контрола, односно никој не го бара. На крајот на декември поднел барање за бугарско државјанство“, објасни амбасадорот Ангелов.

Говорејќи за одбележувањето на 4 февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев, министерот изјави дека ако Бугарите бидат запрени на границата на Северна Македонија и не им се дозволи да одат во Скопје да го одбележат денот, Бугарија ќе реагира негативно.

ов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk