logo
logo
logo

БУЧКОВСКИ РАЗРЕШЕН од специјален претставник за Бугарија

Vecer | 11.01.2022

БУЧКОВСКИ РАЗРЕШЕН од специјален претставник за Бугарија

Владо Бучковски кој беше поставен за специјален претставник на Македонија за Бугарија е разрешен на денешната владина седница.

Според Фокус ваква точка поминала како дел од дневен ред за кадровски прашања, без притоа да се наведат причини за разрешувањето.

Инаку, владата на Зоран Заев на крајот на 2020 година го именуваше Бучковски за специјален претставник за Бугарија во време кога се отвори спор меѓу двете земји.

Притоа, при крајот на ланската 2021 година, владата му го продолжи мандатот како олеснувач на дијалогот меѓу Скопје и Софија.

Бучковски е разрешен во пресрет на изборот на нова влада предводена од лидерот на СДСМ и мандатар Димитар Ковачевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk