logo
logo
logo

БРУКА: Велешани сами си асфалтирале три улици

Vecer | 15.04.2021

БРУКА: Велешани сами си асфалтирале три улици

Жителите на Велешко Горно Оризари асфалтираа три улици во ова населено место во должина од 800 метри со вкупна површина од  4076,6 метри квадратни, и тоа со сопствени средства.

Проекот го реализира Месната Заедница  со потрошени  48.200 евра, парични средства  собрани од жителите на Горно Оризари и нивни сожители  во дијаспората и со работна рака и ангажирање на жителите од селото.

Како што информира за МИА Енвер Карталовиќ, претседател на месната заедница, целта на овој проект е да се овозможат подобри услови за живот на жителите од ова населено место.

Инаку, претходно на крајот на март тие со сопствени средства и работна рака ги проширија и асфалтираат патот од Железничкиот премин се’ до влезот во селото изградија и потпорен ѕид и ивичници на патот, кој со  години беше тесно грло, преку кој поминуваат и жителите на уште неколку велешки села. За овој проект издвоија сопствени 15.750 евра собрани од нив и нивни сожители од дијаспората.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk