logo
logo
logo

Бројот на новозаболени паднал, ама НЕ и на хоспитализирани: НОВИ 68 ПАЦИЕНТИ само во Скопје

Vecer | 15.04.2021

Бројот на новозаболени паднал, ама НЕ и на хоспитализирани: НОВИ 68 ПАЦИЕНТИ само во Скопје

Бројот на новозаболени се намалил, вели министерот Филипче, но судејќи според објавената информација од МЗ, истото не важи и за бројот на хоспитализирани поради компликации од корона вирусот.

– После оној еден мини пик во смисла на голем притисок на почеток на неделата, после тоа бројките се мали. Денеска и вкупниот број на новодијагностицирани повторно бележи пад под 900, некаде околу 890. За кратко време ќе излезат и официјалните информации, меѓутоа тоа сето го гледаме и во болниците како во Скопје така и ширум државата, изјави денеска Филипче.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 68 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 688 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 29 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 23 примени пациенти и 7 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле  биле примени 3 нови болни, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 5 пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 68 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 136 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 150 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 33 пациенти. На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и  рехабилитација има 48 болни.

Вкупно 688 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 88 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk