logo
logo
logo

Бројките потврдуваат: МАКЕДОНИЈА Е НА ДНОТО ОД ЕВРОПА

Vecer | 28.04.2021

Бројките потврдуваат: МАКЕДОНИЈА Е НА ДНОТО ОД ЕВРОПА

Бизнисот и населението во Македонија немаат доверба во економските политики на државата. Розевите очила на Заев треба да ги симне. Економското расположение во Македонија во март 2021 година е најниско во Европа.

Тоа го покажуваат податоците од индикаторот за економско расположение (ESI – economic sentiment indicator) којшто го изработува Генералниот директорат за економски и финансиски прашања на Европската комисија.

[caption id="attachment_858460" align="alignnone" width="960"]Гордана Димитриеска Кочоска Гордана Димитриеска Кочоска[/caption]

Неговата цел е да го следи растот на БДП на земјите-членки, на ниво на ЕУ и еврозоната, и на земјите кандидат - членки. ESI е пондериран просек на салдото на одговори на избрани прашања упатени до фирми во пет сектори опфатени со Анкетите за деловно работење и Анкетите на потрошувачи.

Опфатените сектори се индустрија (пондер 40%), услуги (30%), потрошувачи (20%), трговија на мало (5%) и градежништво (5%). Индикаторот е скалиран на долгорочна средина од 100 и стандардна девијација од 10. Вредностите над 100 укажуваат на натпросечно економско расположение и обратно. Податоците се сезонски прилагодени.

Според индикаторот, ударот на кризата во март и април 2020 година врз економското расположение на бизнисот и населението беше најголем во Македонија од сите земји во Европа.

Исто така, на дното на индикаторот сме во однос на тоа како се враќа довербата во економијата. Од април 2020 година до март 2021 година вратена е само 60% од економската доверба.

Ова јасно укажува на неуспешни економски политики од страна на Владата кои не можат да креираат околина за заживување на економијата. Фијаското во здравствената и економската политика од почетокот на кризата испаднаа на површина!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk