logo
logo
logo

Бројките опаѓаат, но Битола и Куманово се ризични - ОВА СЕ ДЕТАЛИТЕ ПО ГРАДОВИ

Vecer | 23.04.2021

Бројките опаѓаат, но Битола и Куманово се ризични - ОВА СЕ ДЕТАЛИТЕ ПО ГРАДОВИ

Според последните податоци, во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 48 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, со што вкупно 661 лицe сомнителнo и потврденo за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 603 случаи со Ковид-19. Оздравени се 641 пациенти, а пријавени се вкупно 39 починати

Досега во земјата се направени вкупно 700 728 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 149.221. Бројката на оздравени пациенти е 126.234, а на починати е 4.595. Бројот на активни случаи изнесува 18.392

Филипче изрази увереност и дека спласнува притисокот врз болниците, иако не се целосно ослободени голем број на одделенија.

Инаку, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1585, и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите.

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 924 пациенти, а во ковид-центрите во Скопје 661 лице.

Според извештајот на Министерството за здравство, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството соопшти дека има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 66093, активни 8203

Куманово 8246, активни 1225

Прилеп 8012, активни 889

Тетово 6992, активни 655

Битола 5916, активни 1224

Велес 5280, активни 651

Гостивар 5048, активни 453

Кавадарци 5046, активни 477

Штип 4807, активни 452

Охрид 4793, активни 825

Струмица 3876, активни 553

Струга 2894, активни 222

Кочани 2639, активни 302

Кичево 2391, активни 293

Гевгелија 2147, активни 320

Неготино 2125, активни 226

Свети Николе 1455, активни 154

Крива Паланка 1192, активни 89

Ресен 1181, активни 207

Радовиш 1059, активни 126

Берово 981, активни 63

Делчево 938, активни 104

Дебар 919, активни 62

Виница 760, активни 112

Пробиштип 760, активни 36

Валандово 646, активни 100

Богданци 476, активни 73

Крушево 463, активни 104

Демир Капија 392, активни 31

Демир Хисар 370, активни 62

Кратово 354, активни 17

Македонски Брод 352, активни 32

Пехчево 259, активни 22

Македонска Каменица 227, активни 14

Дојран 132, активни 14

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk