logo
logo
logo

Бројките на заразени и починати високи, за Филипче пикот е поминат - ОВА СЕ ДЕТАЛИТЕ

Vecer | 10.04.2021

Бројките на заразени и починати високи, за Филипче пикот е поминат - ОВА СЕ ДЕТАЛИТЕ

Последниот КОВИД-биланс што го соопшти вчера Министерството за здравство е нови 1174 заболени, 811 оздравени и 42 починати лица. Вкупната бројка на дијагностицирани е 140.065, а направени се 4598 тестирања.

На инфективните оддели на ниво на државата се лекуваат вкупно 1699 пациенти со КОВИД. Во КОВИД-центрите има околу 300 празни болнички кревети.

Според министерот Филипче  мерките дале резултат и пикот е поминат, а ситуацијата веќе се стабилизира.

- Мора да останеме максимално внимателни, да носиме маски и да држиме физичка дистанца. Особено е важно за претстојните празници да нема групирања во верските објекти и да се остане дома за да не се создаде нов кластер, вели Филипче.

Филипче вели дека доколку се случи нов кластер во верските објекти, притисокот врз здравствените установи ќе биде толку голем што ќе се доведе во прашање неговото менаџирање.

-Многу е битно сега и верските лидери да сфатат дека ситуацијата е навистина сериозна, дека епидемиолошката слика може дополнително да ја искомплицира состојбата во болниците, нешто што сакаме да го избегнеме. Би сакал да ги повикам следната недела двајцата лидери, и на МПЦ и на ИВЗ и да ги замолам да упатат апел кон верниците – да останат дома оваа година, да не се групираат во цркви и џамии, да нема служби, изјави тој.

Додаде дека многу е важно сега сите да се вклучиме, не само ние што ги менаџираме здравствените капацитети и политичките чинители, туку и верските.

-  Ова ќе биде сериозен ризик и зависно од тоа како ќе се одвива ситуацијата со бројките, од проценката на ризикот што може да се случи, ќе донесеме одлука во следните две недели за тоа како ќе ги димензионираме мерките, рече Филипче.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 140.065, бројката на оздравени пациенти е 113.430, на починати е 4.150, а бројот на активни случаи изнесува 22.485.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 62460, активни 10845

Прилеп 7534, активни 1067

Куманово 7519, активни 1236

Тетово 6648, активни 699

Битола 5204, активни 1285

Велес 4935, активни 850

Гостивар 4821, активни 534

Кавадарци 4761, активни 728

Штип 4526, активни 498

Охрид 4483, активни 900

Струмица 3565, активни 512

Струга 2787, активни 296

Кочани 2431, активни 294

Кичево 2204, активни 310

Неготино 2046, активни 356

Гевгелија 2011, активни 426

Свети Николе 1356, активни 141

Крива Паланка 1135, активни 108

Ресен 1116, активни 236

Радовиш 989, активни 150

Берово 931, активни 133

Дебар 880, активни 55

Делчево 884, активни 104

Пробиштип 726, активни 77

Виница 679, активни 102

Валандово 585, активни 101

Крушево 447, активни 123

Богданци 439, активни 76

Демир Капија 382, активни 66

Кратово 341, активни 27

Демир Хисар 342, активни 50

Македонски Брод 327, активни 50

Пехчево 239, активни 23

Македонска Каменица 212, активни 10

Дојран 120, активни 17

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk