logo
logo
logo

Брнз: Гледаме позитивен пат, задоволни сме од тековните разговори на Македонија и Бугарија

Vecer | 26.05.2021

Брнз: Гледаме позитивен пат, задоволни сме од тековните разговори на Македонија и Бугарија

Гледаме позитивен пат напред и задоволни сме од тековните разговори меѓу Македонија и Бугарија за унапредување на членството на Македонија во ЕУ, напиша на Твитер американската амбасадорка, Кејт Брнз.

Таа денеска тоа го напиша во врска со заедничкото патување и заедничките активности на претседателите на Македонија и Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев во Рим по повод чествувувањето на Свети Кирил и Методиј.

Радев, кој ја предводи бугарската делегација, околу пладне слета со бугарскиот државен авион на Меѓународниот аеродром – Скопје, за да ја земе македонската делегација, предводена од Пендаровски и заедно потоа да упатија кон Рим.

Како можност за обновување на дијалогот и довербата и за зајакнување на односите меѓу Македонија и Бугарија во духот на Договорот за соработка, пријателство и добрососедство, ги оценија Пендаровски и Радев заедничкото патуваење за Рим и Ватикан и заедничкото чествување на Светите браќа Кирил и Методиј во кусата изјава денеска на скопскиот аеродром.

Двајцата претседатели утре ќе ја посетат базиликата „Санта Марија Маџоре“ и заеднички ќе им оддадат почит на Светите браќа Кирил и Методиј. Тие ќе положат цвеќе пред пред спомен плочата во чест на Свети Кирил и Методиј.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk