logo
logo
logo

Брнабиќ: Се стави точка на „Рио Тинто“ во Србија, раскинати се сите договори

Vecer | 20.01.2022

Брнабиќ: Се стави точка на „Рио Тинто“ во Србија, раскинати се сите договори

Владата на Србија вечерва ја укина уредбата за Просторниот план на специјалното наменско подрачје за реализација на проектот за експлоатација и преработка на јадарит руда, со која, според премиерката Ана Брнабиќ, се поништени сите управни акти поврзани со копанијата Рио Тинто и нејзината ќерка компанија Рио Сава Експлорејшн. – Поништени се сите решенија, сите дозволи, изави српската премиерка по владината седница на вонредна прес-конференција. Таа додаде дека е укината Работната група за спроведување на проектот Јадар, со што, како што рече, се исполнети сите барања на еколошките протести и „се стави крај на Рио Тинто во Србија“. – Со ова се што се однесува на проектот Јадар и Рио Тинто се е завршено, изјави таа јави Бета. Движењето „Еколошко востание“, кое обединува организации, здруженија и групи граѓани, веќе неколку месеци протестира со блокади на патиштата, инсистирајќи да се прекине проектот за истражување и ископ на литиум во Србија и да се укинат сите дозволи и да се раскинат сите договори. Тие упатија до Владата ултиматум сите тие документи да бидат јавно објавени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk