logo
logo
logo

Британскиот сој зема замав - ОВА Е СОСТОЈБАТА ПО ГРАДОВИ ВО МОМЕНТОВ

Vecer | 04.03.2021

Британскиот сој зема замав - ОВА Е СОСТОЈБАТА ПО ГРАДОВИ ВО МОМЕНТОВ

Вакцина против Ковид-19 до вчера примиле 2.860 здравствени работници. Имунизацијата се одвива во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје.

Преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ досега за вакцинација се пријавиле 72.400 граѓани, а 46.810 преку матичен лекар.

Во меѓувреме во Македонија расте бројот на новозаразени и на активни случаи со Ковид-19. Британскиот сој зема се поголем замав, побрзо се пренесува и се шири. Во земјава се уште не е детектирано присуство на јужноафриканскиот сој на вирусот. Кај едно од двете лица кои се вратија од Занзибар со ковид симптоми потврден е британскиот сој, а за вториот резултатите ќе бидат познати денеска.

Двајцата пациенти се хоспитализирани веднаш откако ги добиле првите симптоми на вирусот СарсКОв2.

Комисијата за заразни болести предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лица кои доаѓаат од сите африкански земји.

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести согласно актуелната епидемиолошка слика и анализите на Институтот за јавно здравје, не ја исклучуваат можноста да се донесат препораки за нови мерки со цел спречување понатамошно ширење на Ковид-19. Апелираат до граѓаните задолжително да ги почитуваат здравствените мерки и протоколи, како носење маска, одржување хигиена на раце и држење дистанца.

Во претходното деноноќие беа регистрирани нови  807 случаи на коронавирусот од направени 3.312 тестирања. Починати се пет лица, а оздравени  314 пациенти.

Досега во земјава се направени вкупно 530.182 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 104.548, на оздравени е 92.189, а на починати  3.156. Бројот на активни случаи изнесува 9.203.

На инфективните оддели во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 750 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Вкупно 307 лица се хоспитализирани во Скопје, а 443 во другите градови.

Во ковид-центрите има околу 360 празни болнички кревети.

Во очекување на пратките вакцини со кои треба да почне масованата имунизација на наслението, продолжува вакцинацијата на здравствените работници со 8000 вакцини на Фајзер кои пристигнаа во земјава преку Србија.

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 359, активни 4145

Куманово 38, активни 338

Тетово 34, активни 323

Прилеп 34, активни 643

Гостивар 29, активни 184

Штип 3, активни 121

Велес 24, активни 278

Битола 25, активни 209

Кавадарци 36, активни 604

Охрид 38, активни 475

Струмица 36, активни 220

Струга 5, активни 190

Кочани 11, активни 91

Кичево 5, активни 74

Неготино 36, активни 264

Гевгелија 35, активни 223

Свети Николе 1, активни 26

Крива Паланка 12, активни 114

Ресен 6, активни 65

Дебар 3, активни 43

Делчево 2, активни 184

Радовиш 2, активни 23

Берово 3, активни 32

Пробиштип 4, активни 32

Виница 1, активни 27

Валандово 5, активни 32

Крушево 11, активни 85

Кратово 1, активни 28

Богданци 4, активни 51

Демир Хисар 3, активни 23

Македонски Брод, активни 8

Демир Капија 1, активни 40

Македонска Каменица, активни 3

Пехчево, активни 4

Дојран, активни 1

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk