logo
logo
logo

Британскиот сој ја затвори кардиохирургија во Охрид: Термините одложени на неопределено

Vecer | 25.02.2021

Британскиот сој ја затвори кардиохирургија во Охрид: Термините одложени на неопределено

Одделот за кардиологија и кардиохирургија во Охрид е потенцијално жариште на зараза со британскиот сој на коронавирусот, а веќе се откажани и сите термини кои преку „Мој термин“ биле закажани за претстојниот период. Ќе се примаат само најитните случаи.

Петнаесет лица од медицинскиот персонал во охридска кардиохирургија се позитивни на британскиот сој на коронавирусот, кој е најзастапен кај потврдените случаи од изминатите неколку денови. Од нив дури шестмина се доктори-специјалисти, а другите се медицински сестри и останат персонал.

„Во Охрид е изразена висока застапеноста на британската мутација која се одликува со значајно повисока преносливост. Ваквата состојба за жал, не нè заобиколи и нас како установа“, соопштуваат од Центарот за кардиоваскуларни заболувања, Охрид.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk