logo
logo
logo

Д-р Стевановиќ:

Британскиот сој е ПООПАСЕН, буквално ги брише белите дробови од снимките

Vecer | 19.04.2021

Британскиот сој е ПООПАСЕН, буквално ги брише белите дробови од снимките

Директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ во интервју за Канал 5 рече британскиот сој е многу пострашен и буквално ги брише белите дробови од рендген снимките. Според неа, пациентите повеќе немаат белодробје, односно се е бело и лекарите буквално се чудат како тие дишат.

- Добивам по 50 повици на ден од луѓе кои не знам како ме наоѓаат, но ете, успеваат. Невозможно е да ги исполниме желбите на сите оние кои сакаат болничко лекување. Секако дека во различен период е различен текот на болеста. Најтешка причина за смрт е кога ќе ви почине пациент за кој сте биле убедени дека ја поминал кризата. Тоа е најчесто онаа моментална смрт. Како лекари гледаме рендген снимки на кои немате белодробје и се чудите со што овој човек дише. Сме имале полесни пациенти кои не сте успеале да ги спасите, но има и такви кои биле со тешка клиничка слика, а потоа сте го испратиле жив дома, рече д-р Стевановиќ.

Таа истакна и дека пред британскиот сој ранлива е и помладата популација.

- Британски односно новиот сој, но за нас и не така нов, не само што побрзо се шири, туку има потешка клиничка слика и за младата популација. Болниците се полни. Специфичен лек нема, но умешност е трпеливото следење на пациентот. Се справуваме со потежок и поопасен вирус, со претходниот имавме поинакво искуство и веќе го научивме, но морам да кажам дека ковид-19 ќе биде сериозен предмет на Инфектологија. Дел од пациентите кои умираат не само што се помлади, туку немаат ни коморбидитети. Секако има и такви кои имаат коморбидитети, но не знаат, па ковид-10 само ќе ја влоши состојбата. Факт е дека пациентите сме ги добиле во исклучително здравствена, има и такви кои доцна доаѓаат, па има и нагло влошување на состојбата, но и смртен исход. За нас секој изгубен пациент е болка и неуспех. Незнаница е тоа што се случило со дел од пациентите, но ете, знаеме што се слушува како пациенти со хроничен дијабет, тромбоза…”, вели д-р Стевановиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk