Бришкоска: Запрепастена сум од невистинитиот исказ на Александар Василевски

Eксзаменичката на министерот за правда, Билјана Бришкоска Бошковски, за „Макфакс“ го негира исказот на обвинетиот Александар Василевски Нинџа, кој го даде на денешното судење за настаните од 27 април. Таа не одговори на телефонскиот повик, но испрати порака со следната содржина:

„Во врска со наводите пренесени во медиумите од сведочењето на обвинетото лице, Александар Василевски, можам само да изјавам дека сум запрепастена од невистинитоста на исказот на сведокот кој се однесува на мене и целосно го отфрлам како неточен“.

На денешното сведочење, Александар Василевски Нинџа рече дека Билјана Бришкоска Бошковски контактирала со Трајко Велјаноски од осмиот кат на седиштетото на белата палата и му давала наредби на претседавачот, пратениците да ги отворат влезните врати во Собранието.

Бришкоска Бошковски е обвинета во предметот „Титаник“ на специјалното јавно обвинителство за злосторничко здружување и фалсификување исправа.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари