Брифинг со амбасадорите на земјите членки на НАТО  

Во Владата на Република Македонија на покана на заменикот претседател на Владата на Република Македонија и министер за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се одржа брифинг со амбасадорите на земјите членки на НАТО Алијансата, акредитирани во Република Македонија. 

Брифингот беше посветен на актуелностите врзани за пристапниот процес за интеграција на Република Македонија во Северно-атлантската Алијанса и истиот имаше за цел амбасадорите на земјите членки на НАТО да бидат информирани за досега преземените чекори, како и претстојните активности во рамки на пристапниот процес за членство.

На средбата со амбасадорите, двајцата министри детално ја презентираа програмата за продолжување на реформите која претставува составен дел од процесот за пристапување на земјата во НАТО Алијансата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари