logo
logo
logo

Митева

„Братска врска, 1 МИЛИОН ОД ГРУБИ ЗА ГРУБИ за туристички услуги“ (ВИДЕО)

Vecer | 19.03.2023

„Братска врска, 1 МИЛИОН ОД ГРУБИ ЗА ГРУБИ за туристички услуги“ (ВИДЕО)

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, марија Митева, денеса изјави дека се продолжува со обелоденување на нови детали за бизнисите на семејството Груби.

„Ќе обезличиме уште една огромна невистина и пример за судир на интереси кои ги прави Груби злоупотребувајќи ја позицијата на власт. Ова е уште една лага, а ќе и презентираме на јавноста како всушност Груби има многу повеќе заедничко со неговиот брат“, рече таа.

Митева посочи дека ќе објасни како Артан Груби баш точно со бизнисот на брат му поврзан со туристичка агенција има и тоа каква врска.

- Ова е документ преземен од отворени финансии преку кој може да се види дека од страна на Владата каде Груби е прв вицепремиер, но и од министерството за политички систем и односи меѓу заедниците каде Груби е министер се исплаќале средства токму на ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје, фирма во сопственост на неговиот брат, рече Митева.

Додаде дека  во осум наврати институциите на државата односно Владата, министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, но и министерството за економија се јавуваат како даватели на услуга кон фирмата во сопственост на братот на Груби, ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје, од 2020-тата до 2022 година.

Вкупната вредност која фирмата на братот на Артан Груби, ја добила од државата е над 1 милион денари.

- Ова е вистината која Артан Груби сакаше со лаги и невистини да ја сокрие од јавноста. Артан Груби и тоа како има врска со неговиот брат, а воедно и со неговиот бизнис затоа што Артан директно, од позиција на министер му исплаќа услуги на фирмата на неговиот брат.

Скандалозно, нечесно и несериозно е Груби да ја лаже и манипулира јавноста дека нема никаква врска со неговиот брат и неговите бизниси, а притоа државните институции со кој тој директно раководи да му исплаќаат средства. Патем на фирмата ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје чиј сопственик е братот на Артан Груби. Оваа фирма е фирма која четири години во период од 2016-тата до 2020-тата година има минусно салдо односно работи во загуба па можеби со овие трансакции се надоместувала загубата, изјави Митева.

Таа потенцира дека очигледно е дека братската врска во семејството Груби е нераскинлива, од деловен простор за 700 евра по м2 во центарот на Скопје до префрлање на буџетски пари за услуги или пак дојдоа времиња кога парите се цел на многумина па „Брат за брат, сирење за пари“ е најточната дефиниција.

- Ова е уште еден доказ за политичка корупција која мора да биде најстрого казнета, вели Митева

https://www.youtube.com/watch?v=RZG6olIMAWo

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk