Бранко Јаневски ги повикува граѓаните да гласаат на референдумот

Претседателот на Социјал демократската партија на Македонија – СДПМ, Бранко Јаневски го повикува своето членство да излезе и да гласа на претстојниот референдум и во исто време, со истиот став, им се обраќа и на сите граѓани на Република Македонија.

,,Социјал демократската партија на Македонија – СДПМ разгледувајќи го прашањето за тоа во кој правец треба да продолжи да се движи Република Македонија, по длабоките анализи на сите тела на партијата заклучи дека на референдумот закажан за 30 септември се определува ЗА за членство во ЕУ и во НАТО и кон тие цели и за прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција”, соопшти партијата.Според Јаневски, евроатланските интеграции се програмски содржини на СДПМ и перспективи за земјата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари