logo
logo
logo

Божиновски: Ниеден предлог од опозицијата не е прифатен, власта ќе врши политичка операција на попишување

Vecer | 01.02.2021

Божиновски: Ниеден предлог од опозицијата не е прифатен, власта ќе врши политичка операција на попишување

„И така апаратчињата за отисок ќе се набавуваат за локални избори, бидејќи веќе нема да се користи спреј. Зошто тогаш не се удоволело тоа барање на опозицијата, без разлика дали еве велите имало или немало да има влијание? Еве, да се задоволи и едноставно опозицијата. Еве во ред ајде да тераме попис со апаратчиња“, рече Владимир Божиновски при своето гостување во „Само Вистина“.

Божиновски додаде дека ако власта прифатеше апаратчиња за отисок, тогаш и опозицијата ќе го прифатеше пописот немаше да се сомнева во самата операција на попишување.

„Значи секаде се попишуваат лицата кои што живеат во државата, оние кои што се надвор од државата 6-12 месеци тие не се попишуваат. Тоа се прави со цел да се избегне двојно попишување, бидејќи тие ќе бидат попишани во државата каде што живеат. Очигледно кај нас тоа не е случај, и за тоа велам дека самиот процес е исполитизира благодарение на повеќе фактори, меѓу кои што или најзначаен беше тоа што се отиде на некаква варијанта дека сите ќе бидат попишувани, не се прифати воопшто никаков предлог на опозицијата без разлика дали тоа многу или малку ќе допринело. И исто така се воведе таа графа за етничка припадност“, истакна Божиновски.

Божиновски посочи дека комотно можеше пописот да се одложи поради пандемијата, како тоа што се случи во многуте поразвиени земји од Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk