Бошкоски и Плевнелиев разговараа за потенцијалните бугарски инвестиции во земјава

Претседателот на Обединети за Македонија и советникот за странски инвестиции во Владата, Љубе Бошкоски го прими во пријателска посета поранешниот претседател на Република Бугарија, Росен Плевнелиев (2012-2017) и во присуство на претставниците на Бугарско-Македонскиот Бизнис Клуб беа разгледани можностите за инвестирање од страна на Бугарија во земјава.

Плевнелиев изрази безрезервна поддршка од Република Бугарија за прием во евроатлантските интеграции на земјава, при што го покани Бошкоски заедно со делегација од македонски градоначалници да бидат негови гости за да се конкретизира и продлабочи соработката меѓу двете држави на микроплан, соопшти партијата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари