logo
logo
logo

Борисов по телефон му честитал на Заев за реизборот за лидер на СДСМ

Vecer | 22.03.2021

Борисов по телефон му честитал на Заев за реизборот за лидер на СДСМ

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов имал телефонски разговор со македонскиот премиер Зоран Заев при што му го честитал реизборот за лидер на СДСМ.

За ова Борисов напиша и на неговиот фејсбук статус.

Разговарях по телефона с премиера на Република Северна Македония Zoran Zaev. Поздравих го за преизбирането му за…

Posted by Boyko Borissov on Понеделник, 22 март 2021

„Му честитав за реизборот за претседател на неговата партија, и тој ми посака успех на претстојните парламентарни избори во Бугарија“, напиша Борисов на неговиот статус.

Тој вели дека му порачал на Заев да не се одложува решавањето на спорот кој го имаат двете земји.

„Двајцата се усогласивме дека решенија што ние мора да ги превземеме во духот на Договорот за добрососедство и пријателство, не е добро да се одложуваат, како во името на нашата заедничка историја, така и во името на нашата заедничка европска иднина “, објави Борисов.

Пермиерот Заев се заблагодарил за честитките на Борисов за реизборот за лидер на СДСМ, а тој пак му посакал успех на изборите во Бугарија.

„Се согласивме дека одговорите на прашањата што се отворија меѓу нашите две земји се содржат во Договорот за добрососедство и пријателство. Заеднички споделивме дека поскоро треба да дојдеме до решенија кои ќе поттикнат унапредување на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и дека во минатото на нашите две земји има основа на која треба да ја градиме нашата заедничка иднина во ЕУ“, напиша Заев на Фејсбук.

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk