Од државната изборна комисија на прес-конференцијата одржана на пладне информираа дека денеска гласањето започнато е навреме во исто избирачки места и засега тече без проблеми.

На новинарско прашање, дали болните, изнемоштени, затворениците или лицата во изолација гласаат со употреба на биометриска идентификација од ДИК потсетија:

„Тоа е и во закон предвидено. Тие не гласаат со употреба на уред за биометриска идентификација на гласачите“, потсети на прес конференција претседателот на ДИК.

Во процесот обезбедени се 400 лица кои ќе помагаат во употребата на уредите за биометриска ифдентификација на гласачи.

За прв пат во Македонија се имплементира овој начин на гласање.