logo
logo
logo

Болницата во Тетово е преполна, ќе се одлучува за воведување на дополнителни мерки во градот

Vecer | 15.08.2021

Болницата во Тетово е преполна, ќе се одлучува за воведување на дополнителни мерки во градот


Во болницата во Тетово изминатото деноноќие има голем наплив на пациенти по големиот пораст на заразени со коронавирус во овој град.

Од Министерството за здравство информираа дека се работи на интензивна реорганизација со цел соодветно згрижување на сите.

„На колегите од Тетово им се дава соодветна поддршка во делот на кадар и сместувачки капацитети. Од пред два дена пациенти се сместуваат и во болницата во селото Лешок, а доколку е потрбно пациенти ќе бидат сместувани и во други болници во близина или во Скопје“, велат од Министерството.

Во текот на утрешниот ден ќе се донесе одлука дали и колку дополнителен кадар кој во најкус рок ќе биде распореден.

Министерството за здравство размислува и за воведување дополнителни локални мерки за што ќе биде разговарано утре.

До граѓаните се апелира да ги почитуваат мерките за лична заштита со цел спречување на понатамошно влошување на состојбата.

Според последните податоци, во Тетово како активно заразени со коронавирус се водат 1.079 лица.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk