logo
logo
logo

ВМРО ДПМНЕ

Болницата е пуштена без дозвола за употреба, оставки на Заев, Филипче и Хасани

Vecer | 17.09.2021

Болницата е пуштена без дозвола за употреба, оставки на Заев, Филипче и Хасани

Оставки на Заев, Филипче и Хасани, болницата е пуштена без дозвола за употреба.

Болницата во Тетово не смеела воопшто да биде пуштена во употреба, а не пак да се преполни со пациенти во тешка состојба.

Одговорност затоа што неисправен објект е пуштен во употреба треба да понесат не само директорите на болницата, туку и Хасани и Филипче и Заев. Филипче е и потписник на тендерот за изградба на модуларните болници.

Објектите на модуларните болници наместо со материјали кои имаат голема резистентност на оган се изградени со високо запаливи материјали кои видовме дека горат за неколку минути.

Доколку болницата била направена од материјали кои при изложување на оган не горат и до десетина минути сега немаше цела држава да биде завиена во црно., се вели во Соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk