logo
logo
logo

Боки 13 спроведен во Идризово на издржување на 9-годишната затворска казна

Vecer | 23.07.2021

Боки 13 спроведен во Идризово на издржување на 9-годишната затворска казна

Бојан Јовановски – Боки 13 денеска околу 15 часот е спроведен во затворот во Идризово, каде треба да ја издржува деветгодишната затворска казна за случајот „Рекет“, потврди за МИА директорот на Казнено-поправната установа „Идризово“, Јовица Стојановиќ.

Јовановски беше во куќен притвор, а спроводот во затвор следува откако Апелацискиот суд во Скопје вчера ги одби како неосновани жалбите на обвинетите и на јавниот обвинител во предметот, во јавноста познат како „Рекет“, и првостепената пресуда ја потврди во целост.

Наредбата Јовановски да биде префрлен во Идризово ја издаде судија за извршување санкции од Кривичниот суд, откако денеска до Судот пристигнала одлуката на Апелација со која се потврдуваат казните.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk