Христо Кондовски се уште не ја кажува вистината пред битолчани, од негово име и со прецизен одговор: Дали Христо Кондовски е извршите на две кривични дела а за едното е осуден за – тешка кражба со провала и за тешка телесна повреда на друго лице?, вели Бојан Бојкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Битолчани не ги интересира дали за делата настапила законска рехабилитација, битолчани сакаат да знаат дали кандидатот за градоначалник Христо Кондовски извршил тешка кражба со провала и дали нападнал друго лице со нанесување на тешки телесни повреди?

Да повториме, на само неколку дена пред избори, битолчани имаат право од негова уста да чујат, дали во 2003 та година Христо Кондовски провалил во еден познат битолски дуќан односно прибавил имотна корист за себе?

Дали во 2009 та година нападнал човек и му нанел тешки телесни повреди? Христо Кондовски треба да одговори дали овие настани се случиле, дали има полициско досие и дали е сторител на кривичните дела тешка кражба и тешка телесна повреда?
Христо Кондовски треба да одговори дали има полициско досие и како таков ја бара довербата на битолчани за градски татко?

Почитувани, и сопствениците на обиениот дуќан и денес се тука меѓу нас, затоа го повикуваме повторно, да излезе пред битолчани и да ја каже вистината за себе! Наместо да се крие зад партиски соопштенија, Христо Кондовски треба да им одговори на битолчани во прво лице еднина, дали градскиот татко го замислува како локален разбојник кој краде и тепа?, додава Бојкоски.