logo
logo
logo

Богоевски за случајот со Рашковски: Ова ќе биде многу добар тест за нашите институции

Vecer | 18.03.2021

Богоевски за случајот со Рашковски: Ова ќе биде многу добар тест за нашите институции

Вечерва во емисијата „Само вистина“ гостуваше Павле Богоевски кој што во своето гостување посочи дека не очекува, но се надева дека Рашковски побргу ќе се врати во Македонија и да се разреши скандалот за софтверите.

„Очигледно е дека по другите случаи имаме сериозен проблем со обезбедување на присуство на осомничените во постапките, поготово во случаите со висока корупција. Не очекувам дека Рашковски ќе го прекине 14-дневниот одмор за да се врати, но се надевам. За очекување не би сакал да преудицирам, но се надевам дека што е можно побргу ќе се врати и да биде расположлив за органите на правдата. И мислам дека ова ќе биде уште еден многу добар тест за нашите институции“, нагласи Богоевски.

Богоевски додаде дека треба многу внимателно да се следат институциите како ќе постапат во односот на висок корупција со колкава темелност и ефикасност ќе ја водат целата постапка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk