Богоевски: Не собравме 80 гласа, Груевски ќе продолжи да зема плата додека е во затвор

Не собравме 80 гласа, Груевски ќе продолжи да биде пратеник и да зема плата од граѓаните додека е во затвор, напиша на Фејсбук пратеникот Павле Богоевски по гласањето за одземање на пратеничкиот мандат на експремиерот Никола Груевски.

На седницата ниту еден пратеник не се јави за збор, а „за“ предлогот гласаа 58 пратеници , и 29 „против“, што не беше доволно бидејќи, според Уставот, мандат се одзема со двотретинско мнозинство.

Претходно, Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања донесе заклучок за одземање на пратеничкиот мандат на  Грувски. Дел од пратениците, меѓу кои и Богоевски, кој претседава со Комисијата, тогаш побараа да се одземе мандатот на Груевски бидејќи, според нив, тој е  недостоен за вршење на функцијата пратеник.

Ваква процедура следува по известувањето што  стигна до Собранието од кривичниот суд дека пратеникот Никола Груевски е осуден со правосилна пресуда на 2 години затворска казна. Груевски не беше присутен во Собранието.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари