logo
logo
logo

Богдановиќ: ОДЗЕМЕНА НИ Е МОЌТА, решение може да се чека од министерство за транспорт

Vecer | 14.04.2021

Богдановиќ: ОДЗЕМЕНА НИ Е МОЌТА, решение може да се чека од министерство за транспорт

Со укинувањето на мораториумот од Уставен, одземена ни е моќта, вели градоначалниот на Центар, Саша Богдановиќ за ТВ 21, кој смета дека враќањето на парите не е спорно и дека не е доцна да се интервенира.

Според него решение сега може да се чека од Министерството за транспорт и врски.

Богдановиќ рече дека е намалена големината на градбата за разлика од претходниот план, но додека се чека некаква механизација за да интервенира, граѓаните, односно жителите кои живеат во близина на местото каде е предвидено да се гради, покренаа петиција која ќе ја испратат до Претседателот, Премиерот, Министерот за транспорт и врски, Градоначалникот на Скопје и на општина Центар.

Советничката Јана Белчева Андреевска пак вели дека не смее да дојде до потпишување на дозволата за градба, и доколку инвеститорите за изградбата спроти ГТЦ ги платиле комуналиите, , истакнувајќи дека времето е веќе кратко, само две недели.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk