logo
logo
logo

Богдановиќ: Новиот закон придонесе да падне мораториумот

Vecer | 13.04.2021

Богдановиќ: Новиот закон придонесе да падне мораториумот

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ во емисијата „24 анализа“ во врска со спорниот проект кај „Холидеј Ин“ појасни дека има план за росторно планирање, генерален план и општина и тие, како најниски во хоризонталната хиерархиска поставеност, ја почнале целата постапка да се спротивстават на градењето.

– Ако сте имале стари одобренија, ние сме имале веќе издадени одобренија, но ако имаме соработка до институциите и ни достават нешто што било незаконски, тогаш имате основ да поништувате некои акти. и пред се има поништувано планови, а уставен суд рекол дека не смее да се поништуваат. Ако некој има одредени предмети а стојат во фиока и не се процесуираат, и одредени институции знаат за одредени работи, може да покренат и да помогнат, вели Богдановиќ.

Исто така, тој рече дека барале состанок со Антикорупциска комисија, но не може сите да седат отстрана и да ја префрлаат топката. Тој кога дошол функцијата, затекнал веќе дадени одобренија за градба, правосилни и кога го добиле земјиштето констатирале низа неправилности и за некои одобренија се уште се доставуваат аргументи. Општината направи еднаш мораториум, вторпат и сега повторно ќе преземат чекори, вели Богдановиќ.

– Во новиот закон има ограничувања и вика шест месеци за дел од ланот, и една година за цел план. После тоа си важи стариот план. Ако тоа не го направите, штетата ја поднесува тој што ја однел суспензијата, односно општината. Уставен вика сте донеле одлука по еден закон, сега имате нов закон, ви паѓа мораториумот, кој бил неограничен, додека не го решите и сега вика ќе се водите по новиот закон и фактички овој закон придонел да падне мораториумот, вели Богдановиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk