logo
logo
logo

Богдановиќ: Демантирам дека седев во кафани, туку сместував гости и кошаркар на Работнички

Vecer | 21.04.2021

Богдановиќ: Демантирам дека седев во кафани, туку сместував гости и кошаркар на Работнички

Градоначалникот на Општина центар, Саша Богдановиќ ги демантира информациите дека вчера седел во кафани за време на полициски час

- Целосно ги отфрлувам и демантирам информациите дека во текот на изминатиот ден сум седел во кафани за време на полициски час и сум прекршувал закони. Во текот на вчерашниот ден, сместував гости во хотел дојдени од Белград и кошаркарот на КК Работнички, кој е најновото засилување во нашиот клуб, вели тој

Тој додава дека за сето сместување и престој поседува документација и сведоци.

- За да се расчисти целиот случај и да се докаже вистината, сите аргументи ги доставив до сите надлежни органи.  Воедно барам извинување за напишаните текстови во рок од 24 часа и објава на мојата реакција. Во случај да не се случи тоа, ќе покренам граѓански спор, напиша Богдановиќ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk