Поставени темелите

Богданци ќе добие православна црква

Богданци повторно ќе добие православен храм. Наместо реконструкција на местото на опжарената црква посветена на свети Атанасиј Велики ќе се изгради комплетно нов објект

Темелите на новиот храм беа поставени пред два дена, а чинот на осветувањето, на кој присуствуваа голем број верници, го извршија митрополитот повардарски Агатангел и свештениците од Богданци.

- Денеска ја чувствуваме радоста која произлегува од длабочината на нашите срца, затоа што смогнавме сили за почеток да ги осветиме темелите и полека полека со Божја помош, со помош на сите граѓани во општина Богданци ја завршиме градбата на овој прекрасен храм, рече митрополитот повардарски Агатангел.

Црквата во Богданци, која датира од 1830 година, беше опожарена пред неполн месец. Пожарот најпрвин се појави на кровната конструкција и до темел го уништи духовниот дом на православните христијани од овој град. Благодарение на брзата интервенција и несебичната помош на граѓаните спасени беа поголемиот дел од иконите. Неколку дена по пожарот истрагата утврди дека причината за неговото појавување била неисправна електрична инсталација. Новиот објект кој повторно ќе биде посветен на свети Атанасиј Велики, а ќе се гради со средства од МПЦ, односно од Повардарската епархија и со донации од верниците.

Поврзани

Најнови вести

Коментари