logo
logo
logo

БОБАН ТОМОВСКИ соработник на Седат Пекер ПРИВЕДЕН ВО ТУРЦИЈА

Vecer | 02.06.2021

БОБАН ТОМОВСКИ соработник на Седат Пекер ПРИВЕДЕН ВО ТУРЦИЈА

Бобан Томовски, македонски државјанин соработник на Седат Пекер бил приведен на аеродром во Истанбул и се чека да биде испорачан во Македонија, објавија турските медиуми.

Како што се наведува Томовски бил со престој во Берлин, Германија, кој соработувал со нарко босот, веќе во сабота треба да биде испорачан во Македонија, а бил приведен при обид да замине за Египет.

Инаку во Турција има потерница по Седат Пекер како водач на голема криминална организација, а се претпоставува дека е тој избеган во Обединетите Арапски Емирати.

Турските медиуми пишуваат дека и Томовски бил вмешан во шверцот со дрога на организацијата на Пекер и дека заедно делувале за време на престојот во Македонија на Пекер.

Седат Пекер во Македонија особено стана познат како дел од аферата „Мафија“со издавањето на фалсификувани пасоши со лажен идентитет од страна на македонската полиција на бројни криминалци и нарко босови од регионот и пошироко.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk