logo
logo
logo

Блумберг: 10 години и требаат на Македонија да вакцинира 75% население со ова темпо

Vecer | 20.04.2021

Блумберг: 10 години и требаат на Македонија да вакцинира 75% население со ова темпо

Колку Македонија заостанува со вакцинацијата, говори фактот дека Блумберг анализирал дека можеби ќе бидат потребни 10 години доколку се продолжи со ова темпо.

Имено, според анализата на Блумберг за да се вакцинираат 75 % од населението против Ковид19 на Македонија ќе и бидат потребни цели 10 години.

Според анализата која ја сподели Илија Димовски, екс пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија заедно со Украина е на убедливото последно место на листата на анализирани земји.

Според истата анализа Србија својата задача ќе ја заврши во текот на оваа година, а Албанија ќе се имунизира за нешто помалку од 4 години.

Македонија досега има набавено околу 70.000 вакцини, а вакцинирани се околу 40.000 граѓани, што е 2% од вкупната популација на земјава.

Масовната вакцинација најавувана од февруари, март и април се уште не е започната, а  бројките од 80.000 Фајзер, 200.000 кинески и 200.000 руски вакцини се уште не се пристигнати а прашање е кога и дали иако власта тврди дека има набавено 2,6 милиони вакцини.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk