Блам во Бутел: немале пари да ја платат свадбата па морале да остават златни работи

Изминатиот викенд во ресторан во скопски Бутел се случила непријатна ситуација во која младенците немале доволно пари да ја платат свадбата, па сопственикот морал да повика обезбедување.

Ноќта саботата спроти неделата настанала тензичната ситуација кога младенците и гостите сакале да ја напуштат прославата, но сопственикот на локалот најпрво си ги барал парите и не ги пуштал да си одат.

На крајот, морало да интервенира обезбедувањето, а за да се реши ситуацијата, младоженецот напомош викал пријатели да му донесат пари и накит за да ја подмири сметката во ресторанот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари