Благоја Василевски: Разговорот со брат ми беше семеен

Фото: Благоја Василевски-десно

На 27 април 2017 година бев на службен пат во Виена. Се слушнав со Александар, разговорот беше семеен, разговаравме за здравјето на нашата мајка, рече Благоја Василевски, брат на обвинетиот Александар Василевски Нинџа.

-Кога сум на пат имам зголемен број на активности и внимавам на тоа да не правам разговори по телефон. Примив порака од 17 до 19 часот од мојот брат и вратив на пораката, рече Василевски.

Братот на Нинџа, Благоја Василевски во Виена бил во својство на обезбедување на експремиерот Никола Груевски. Во јавноста имаше шпекулации дека Груевски токму преку Благоја Василевски ја издал наредбата за упад во Собранието, но засега ниту еден доказ во постапката не наведе на такво нешто.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари