logo
logo
logo

Радев: Благодарение на Макрон БЕЗ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ НЕМА ЕУ ЗА МАКЕДОНИЈА

Vecer | 24.11.2022

Радев: Благодарение на Макрон БЕЗ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ НЕМА ЕУ ЗА МАКЕДОНИЈА

Според бугарскиот претседател Румен Радев, Македонија нема да стане членка на ЕУ, ако не влезат Бугарите во Уставот.

За него имало агресија врз Бугарија и Бугарите во Македонија.

- Кога имавме огромен притисок безусловно да дозволиме Република Северна Македонија да ги започне преговорите за членство во ЕУ, јас тогаш двапати наметнав вето и го покренав прашањето пред ЕУ за правата на македонските Бугари, дека нивните права мора прво да се гарантираат со тоа што ќе бидат запишани во Уставот на земјата, а потоа ќе се отвори патот за преговори. Овој став се бранеше до последно. Благодарение на раководството на француското претседателство и претседателот Макрон, стана факт, рече Радев.

Тој ова го изјави на прашањето за негов став по нападите на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

- Мора да се разбере од државниот врв на Република Северна Македонија, од општеството кај нашиот сосед, дека патот кон Европската Унија минува низ признавањето и почитувањето на правата на македонските Бугари, на нашето културно и историско наследство. Ова е единствениот начин граѓаните на Северна Македонија да тргнат по патот по кој повеќепати изразија дека сакаат да одат, се разбира, со почит кон нашата заедничка историја и заедничките и длабоки историски корени, нагласи Радев, пренесуваат бугарските медиуми.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk