logo
logo
logo

Бизнисменот Чедо Радомировиќ почина во болница откако повреден беше најден кај село Орман

Vecer | 15.07.2024

Бизнисменот Чедо Радомировиќ почина во болница откако повреден беше најден кај село Орман

Скопскиот бизнисмен Чедо Радомировиќ, познат уште како Чедо Радо, починал во билница, дознава ТВ21.

Како што претходно веќе беше објавено, тој со повреди бил пронајден кај скопското село Орман. Околу 19 часот во село Орман до паркирано возило марка „Лексус“ бил пронајден познатиот бизнисмен основач на фирмата „Техноком“ и основач на „Радо банка“ со нанесена повреда во пределот на главата.

До него бил пронајден пиштол и чаура.

Се очекува повеќе детали Министерството за внатрешни работи да објави во текот на утрешниот ден.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk