logo
logo
logo

Битолското обвинителство вика лица на распит за смртта на Јана - Се чека обдукцискиот наод

Vecer | 29.03.2023

Битолското обвинителство вика лица на распит за смртта на Јана - Се чека обдукцискиот наод

Основното јавно обвинителство Битола го чека обдукцискиот наод кој треба да покаже од што почина шестгодишната Јана Христовска во болницата во Битола.

Обвинителството открива дека во меѓувреме е извршен распит на повеќе лица и обезбеден е дел од медицинската документација.

„Во меѓувреме се преземени повеќе дејствија за испитување на настанот. Извршен е распит на повеќе лица кои имаат определени сознанија и обезбеден е дел од медицинската документација.

Останатиот дел од документацијата ќе биде најпрвин потребен за работата на комисијата за оценка на стручноста во постапувањето формирана од Министерството за здравство.

По завршување на нивното постапување, обвинителството ќе го обезбеди и нивниот и извештајот од Државниот здравствен и санитарен инспекторат во поглед на почитувањето на медицинските протоколи. По завршување на сите проверки ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошниот тек на постапката“, велат од Обвинителството.

Дополнителен увид треба да направи Комисијата од Министерството за здравство, откако беше направен увид и од страна на инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат од каде што информираа дека нема грешки во лекувањето.

Во меѓувреме, во Битола се организира протест за смртта на шестгодишната Јана, со цел да се укаже на состојбите во македонското здравство, вината да не се насочува кон родителите, туку одговорноста да се бара на вистинското место. Протестот ќе се одржи денеска вечер во 19 часот на плоштадот Магнолија во Битола под мотото „Сите сме Јана“ и „Правда за Јана“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk