logo
logo
logo

Битиќи вели дека за градскиот превоз треба решение од 2040 или 2050 година

Vecer | 06.12.2022

Битиќи вели дека за градскиот превоз треба решение од 2040 или 2050 година

Сигурен сум дека БРТ решението кое го финансира ЕБРД не може да биде поштетно од автобуси кои собрааќаат, а се 30 години стари. За жал, состојбата во Скопје од 1980 година не наликува на еден град кој што е престолнина на земја која што аспирира да биде членка на ЕУ. Во град Скопје ни требаат решенија од 2040 и 2050 година и сметам дека БРТ е токму такво решение, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи за состојбите со јавниот превоз во главниот град од земјата. Според него, БРТ е такво потребно решение за јавниот градски превоз.
-Деталите треба да ги оставиме на техничките служби. Жалам што не се седнува и да им се остави на најразумните и најповиканите да кажат кое е најдоброто решение за превозот во Скопје. Остануваме на ставот дека БРТ е решение кое треба да се спроведе во градот. Скопјани заслужуваат подобар, почист и поквалитетен превоз, изјави Битиќи на новинарско прашање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk