logo
logo
logo

Битиќи: Додека важат актуелните протоколи нема организирање на свадби

Vecer | 05.05.2021

Битиќи: Додека важат актуелните протоколи нема организирање на свадби


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ја отфрли можноста да се дозволи организирање свадби во земјава и порача дека актуелните протоколи за работа на угостителските објекти важат до 15 мај. Дури потоа, како што нагласи согласно препораките на Комисијата за здравство ќе се знае што понатаму.

„Во овој момент очите се свртени кон Комисијата за здравство и тоа ни е единствената точка според која ги носиме економските одлуки. Со последната одлука на Владата им дозволивме на угостителските објекти кои се категоризирани за организирање настани да работат под истите услови како што работат и сите други угостителски објекти, а тоа е да работат на отворени тераси и според протоколите. Вчера зборувавме за евентуално дополнително прилагодување на протоколите за работа на оваа категорија на угостители“, рече Битиќи по посетата на Хидросистемот Злетовица.

Тој изрази надеж дека кризата предизвикана од коронавирусот полека ќе стивнува и дека ќе се намали притисокот кај здравствените работници.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk