logo
logo
logo

Бислимоски: поевтино парно греење за скопјани во новата грејна сезона

Vecer | 14.05.2021

Бислимоски: поевтино парно греење за скопјани во новата грејна сезона

Во интервју за МИА, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски порача дека очекува во новата грејна сезона скопјани да плаќаат поевтино парно греење.

-Актуелната грејна сезона заврши пред малку и до крајот на јуни, како што е вообичаено, компанијата „БЕГ снабдување“ ќе треба да направи порамнителни сметки за да видиме дали авансните сметки што досега ги плаќаа потрошувачите ќе се намалат или ќе се зголемат. Според првичните согледувања, порамнителните сметки ќе бидат за одреден процент намалени, бидејќи просечните температури беа нешто повисоки од тоа што РКЕ го утврди во својата одлука, вели Бислимоски.

Исто така, додава, околу 70 проценти од произведената топлинска енергија во Градот Скопје оваа година доаѓа од ТЕ-ТО.

-Тоа е особено битно, бидејќи РКЕ во изминатите две години ја намали за 15 проценти производната цена на ТЕ-ТО во однос на цената која ја имаат топланите во Скопје. Очекувам и тоа да има позитивно влијание врз цената за топлинска енергија, порача Бислимоски во интервју за МИА.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk