logo
logo
logo

Бишевац: ВМРО секогаш биле посупешни од СДСМ во економијата, ќе бидат пак

Vecer | 19.06.2021

Бишевац: ВМРО секогаш биле посупешни од СДСМ во економијата, ќе бидат пак

Некогашниот активист на Шарената револуција на СДСМ и нивните партиски (не)владини организации, Сафет Бишевац, во интревју за порталот Прес24 објаснува зошто е разочаран од сегашната влада и власт на Зоран Заев и зошто верува дека власт со ВМРО ДПМНЕ е подобар избор кој треба да изгради ново општетство затоа што ова, сегашно, власта на Зоран Заев го уништила

  • Зошто мислите дека матрицата на ВМРО-ДПМНЕ денеска е поинаква од ВМРО-ДПМНЕ во изминативе 30 години?

БИШЕВАЦ: Се тече... контекстот, временски и политички и геостратешки диктира унапредување на политиките и политичките вештини. Но , Македонија, како самостојна, независна и суверена држава мора да остане темелна определба. Но таа треба да стане и држава од европски терк, држава во која ќе владее правото, со европско образование и здравство, држава во која ќе функционираат институциите, држава во која ќе биде гордост да се живее, а не да се бара чаре што порано да се напушти.

Секако дека ВМРО ДПМНЕ, како клучен темелник има обврска да се бори за таква држава. Да, борбата трае и ќе трае, но од пресудна важност е јасната посветеност во тој правец.Немам никаков сомнеж дека тоа е целта на ова ВМРО ДПМНЕ, предводено од Христијан Мицкоски.

Политиката најчесто е вештина на можното, и затоа е неопходно да се гради општестевен консензус заедно со другите политички субјекти за да дојдеме до таква Македонија. Велам изградба, а не обнова, бидејки сметам дека сме на работ на амбисот како држава. Бедата и сиромаштијата, културна и материјална, на која сме живи сведоци, не има приковано на самото дно на европските земји по сите параметри.

Ја плаќаме дури и со животите на нашите граѓани, поради неспособната и корупмпирана власт, која не успеа да купи ниту еден респиратор или вакцина против Ковид 19, кога тие најмногу ни беа потребни..

  • Мислите ли дека оваа политика на опозицијата е издржана, демократска и просперитетна опција како одговор на актуелната власт?

БИШЕВАЦ: Таква е каква што мора да биде.. во голема мерка, пресудна би рекол, диктирана од начинот на кои владее СДСМ и коалицијата. Во недостаток на резултати на кое било поле, власта предводена од Заев, фокусот го држи на надворешно-политички несредства за ,,остварување,, на овие цели, инаку определби на сите политички фактори во изминатите 3 децении.

Заев и СДСМ, на криминален, или балкански начин што би рекол евро-комесарот Јоханес Хан, не почитувајќи ја вољата на мнозинскиот народ, загрозувајќи го дури и неговиот идентитет, го смени името на државата. Низ тајни преговори со Бугарија, повторувајќи ја игранката која заврши со договорот од Преспа, одбива Собранието на Македонија да расправа и усвои декларација со македонските црвени линии, со што дополнително го загрозува идентитетот на мнозинскиот, македонски народ.

Затоа, протестите против таквите преговори се нужни.. она што охрабрува е фактот што ВМРО ДПМНЕ, паралелно ја подготвува и стратегијата за политичката борба која доаѓа, претстојните локални, а веднаш потоа и предвремени парламентарни избори. Фокусот е на луѓето, без оглед на етничката и верската припадност кои ја сакаат Македонија како своја, нормална и европска држава.

И патриотски и европски. Патриотски, да си ја сакаш сопствената држава, но не исклучиво за себе и на сметка на други. Тоа е шовинизам.. Да се бориш со сите сили против криминалот и корупцијата, е врвен патриотизам, а не злото да го затскриваш зад патриотизам.

Да градиш институции кои ќе функционираат во служба на сите граѓани, а не за партијата на власт. Да изградиш најдобро можно образование, кое ќе биде еден од темелите на тој патриотизам. Има ли поголем патриотизам од тоа да обезбедиш врвно здравство достапно за сите граѓани? Да ги сочуваш воздухот, водата и земјата од загадување за своите идни генерации е врвен патриотски дострел.

Економијата е предуслов, а на тој план ВМРО ДПМНЕ има со што да се пофали и во времето на Георгиевски, и во најголемиот дел од владеењето на Груевски. Едноставно, ВМРО ДПМНЕ секогаш на тој план било многу поуспешна од СДСМ, така ќе биде и овој пат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk