logo
logo
logo

Бишевац: ВЛАСТА НА ЗАЕВ СЕ ПРЕТВОРА ВО РЕЖИМ, на два протести на опозицијата ја користи полицијата за инциденти

Vecer | 09.06.2021

Бишевац: ВЛАСТА НА ЗАЕВ СЕ ПРЕТВОРА ВО РЕЖИМ, на два протести на опозицијата ја користи полицијата за инциденти

Очигледно дека владата на Зоран Заев се претвора режим, кој засега е хибриден. На два протести има два инциденти од полицијата  вчера во Скопје и денеска во Охрид, изјави новинарот и аналитичар Сафет Бишевац во „Само вистина“ на Канал 5, говорејќи за протестите на опозицијата против прифаќање на бугарската декларација од страна на власта на СДСМ.

- Ако протестите кои ги организираше СДСМ проти Груевски беа легитимни, тогаш демократско право се и протестите на кои ВМРО-ДПМНЕ го искажува својот политички став за несогласување со начинот на кој се управува држава и се водат преговорите со државата. Опозицијата има право да го искаже својот став, истакна Бишевац.

Според Бишевац, додека Бугарија, а и претходно Грција имаа политички консензус изгласан во парламент, во Македонија, Зоран Заев самиот одлучува без да има црвени линии.

- За што преговараме со Бугарија. За португалскиот предлог? Тој предлог Бугарија го отфрли уште утрото. Бугарија своите позиции ги формираше и декларираше во националниот парламент со консензус и како супер алатка во преговорите со Македонија, таков беше и случајот со Грција. Само Македонија се остава на волјата на еден човек да одредува кога и што ќе преговара без национални црвени линии, нагласи Бишевац.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk