logo
logo
logo

Бишевац: Владата на Заев се темели на лаги и популизам, Николовски како и досега ќе остане дел од коруптивниот систем

Vecer | 09.06.2021

Бишевац: Владата на Заев се темели на лаги и популизам, Николовски како и досега ќе остане дел од коруптивниот систем

Немам верба во Зоран Заев. Премногу пати тој човек кажа едно, а излезе сосема друго. Начинот на кој функционира оваа негова гарнитура се базира на лагата и популизмот, изјави новинарот и аналитичар Сафет Бишевац во „Само Вистина“ на Канал 5, говорејќи дека оваа влада нема да се бори против корупцијата и дека местото вицепремиер за борба против корупција е само шминка.

Бишевац потенцира дека  Љупчо Николовски кој е задолжен за борба против корупцијата е шеф на изборен штаб во неговата партија и дека како таков ќе остане дел од коруптивниот систем.

- Не постои човек кого ќе убедите дека на избори нема корупција. Не постои, а особено ја користи власта.  Тој нема да се бори против корупцијата, ќе  функционира како и досега, ќе биде дел од тој коруптивен систем, истакна Бишевац.

Во однос на пофалбите на Николовски за спроведените акции, Бишевац, вели дека четири години се власт,  а ништо не забележале и сега се фалат откако тоа го забележале новинарите.

- Замислете денеска вицепремиерот за борба против корупција Николовски на Фејсбук објаснува за контроли. Тоа е лага. Тој реагираа на стории објавени од новинари за начинот на кој Царината и власта реагираат пред објавување на овие стории за трговија со се и сешто. Четири години се на власт не го забележале проблемот, реагираа откако беше обелоденето. Си ја припиша заслугата како за 30 кг путер, нагласи Бишевац.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk