logo
logo
logo

Биљана Ангелова НОВ РЕКТОР НА УКИМ

Vecer | 30.05.2023

Биљана Ангелова НОВ РЕКТОР НА УКИМ

Денеска се одржа гласањето за избор на нов ректор на УКИМ, со што проф. д-р Биљана Ангелова, проректор за финансии, инвестиции и развој денеска ќе го води најголемиот македонски универзитет.

За професорката од Економскиот институт гласале 1961, додека за второ рангираниот проф. Димитар Ташковски од ФЕИТ гласале 904.

Редовни, вонредни професори, доценти и студенти – членови на универзитетски студентски собранија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска избираа прв човек на најстарата високообразовна институција во државата.

Во трка за мандатниот период од 16 септември 2023 до 15 септември 2026 година, беа деканот на Филозофски факултет проф. д-р Ратко Дуев, потоа, проф. д-р Горан Ајдински исто така од Филозофскиот факултет, проф. д-р Христина Спасевска од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и актуелна проректорка за настава, проф. д-р Димитар Ташковски исто така од ФЕИТ, проф. д-р Атанас Кочов од Машински факултет, како и актуелната проректорка за финансии, проф. д-р Биљана Ангелова.

Досегашен ректор на УКИМ беше д-р Никола Јанкуловски, професор на Медицинскиот факултет. Тој првпат беше избран за ректор во 2016 година. Во 2020 година тој беше реизбран со нов мандат од три години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk