Без вода дел од општина Центар 

Од ЈП  „Водовод и канализација “ информираат дека денеска поради отстранување дефект на затворач од водоводна мрежа со пречник  Ф-125 мм на улицата „Орце Николов“ бб (кај фонтаната на плоштад „Македонија“), без  водоснабдување од  9:00 часот до завршување на интервенцијата,  ќе останат  корисниците од  дел од улиците  Орце Николов, Скопска, Никола Кљусев и кеј 13 Ноември, сите во општина Центар.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари